Се издава прекрасно уреден стан на одлична и мирна локација во Аеродром – Тобако 2. Станот е со површина од 76 м² и располага со: пространа дневна соба, две спални соби, два тоалети, два балкона (еден затворен со вграден плакар и остава).
Станот се наоѓа на 4-ти од вкупно 6 ката во зграда со лифт. Зградата располага и со просторија за велосипеди, подрум и обезбедено паркинг место.
Греење: централно (БЕГ), месечна сметка околу 1.980 ден.
Станот е целосно опремен со нова техника: машина за миење садови Bosch, перална Gorenje (7 кг), нов бојлер, блиндирана врата, Dormeo душек и сл.
Детската соба може да се користи и како работна соба.
Свежо молерисан и веднаш вселив.
Локацијата е исклучително практична – во непосредна близина има супермаркети, аптеки, пекари, кафулиња, ресторани, банки, детски игралишта и зелени површини за прошетка. Добро поврзано со јавен превоз и брз пристап до центарот на градот.
Идеален за: вработен пар (2 лица) или самец.
Не се дозволени домашни миленици.
Месечен закуп: 18.000 денари
Контакт: +38971905 380 Ана
НЕ СЕ ИЗДАВА НА СТУДЕНТИ
НЕ СЕ СОРАБОТУВА СО АГЕНЦИИ